Фернандеш сака да отстрани едно правило во фудбалот

од Симе Стоиков

Капитенот на Манчестер Јунајтед, Бруно Фернандеш, побара од фудбалските власти да ги укинат санкциите на играчите поради соблекување дресови при прослава на гол.

Португалецот се осврна на примерот на неговиот соиграч Амад Диало, кој го пропушта следниот натпревар поради соблекување на дресот.

Диало постигна гол против Ливерпул во 121. минута од четврт-финалето на ФА Купот кога Јунајтед победи со 4-3 и се пласираше во следната фаза од натпреварувањето.

Прославата што следеше му донесе јавна опомена, што значеше дека нема да има право да игра против Брентфорд.

„Ваков момент треба да се прослави, а правилото кое постои треба да се смени. Прославувањето на голот треба да биде возможно, играчот да биде среќен во тој момент. Секако, со почит кон другите клубови“, изјави Фернандеш.

Ќе видиме дали некој одговорен ќе го слушне барањето на португалскиот репрезентативец

Слични содржини