Ferrari има нов кабриолет: Дебитираше Рома Спајдер (ВИДЕО)

од Vladimir Zorba

Иако вистинските „спортисти“ паднаа во втор план поради проширувањето на SUV моделите и кросоверите, во благородните ергели се останува како досега. Најдобар доказ за тоа е Ferrariи.

И додека сите зборуваат за првиот кросовер модел на италијанскиот производител (Purosangue), во Ferrari не попуштаат кога станува збор за чиста класика. Непосредно пред доаѓањето на потоплите денови, тие решија премиерно да го претстават моделот Roma со отворен покрив.

Совршената комбинација на традиционален, па дури и ретро дизајн со модерни решенија сега е претставена и во верзија со преклопен покрив.

А за работите да бидат уште поинтересни, изборот падна на платнениот покрив.

Слични содржини