ФИФА: Продолжете ги договорите на фудбалерите!

од Stefanija Kuzmanovska

Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) издаде официјално соопштение на својата веб-страница, препорачувајќи, меѓудругото, дека poradi кризата предизвикана од коронавирусот, договорите на играчите treba да бидат продолжени сè додека не завршат сезоните.

Повеќето договори за играчи во Европа траат до 30 јуни, па ФИФА посочи дека тие треба да бидат продолжени се додека не заврши сезоната, иако не е познато кога тоаќе се случи поради пандемијата од коронавирусот.

Треба да се додаде дека истиот принцип треба да се однесува на договорите што треба да започнат на почетокот на новата сезона, односно почетокот на важењето на тие договори ќе се одложи до вистинскиот почеток на бодувањето во сезоната 2020/2021.

Слични содржини