Филипче: Имавме „лажен пик“ пред неколку дена, експоненцијалната крива нема да расте одеднаш

од Nikola Popovski

Министерот Венко Филипче на новинарско прашање одговори дека пациентите во домашно лекување се во постојан контакт со матичните лекари и дека и тие ќе се сметаат во бројот на вкупно излечените.

„Во однос на лекувањето со користење на крвната плазма, изготвен е протокол на Институтот за медицина, но засега нема сериозни истражувања за ова дека може да се користи, освен само дека се издадени публикации“, изјави министерот.

Во врска со големиот број на заразени од петокот и саботата, Филипче рече тоа е „лажен пик“, односно дека после него се вратиме на вообичаената бројка од 25-30 дијагностицирани. Според него, имаме линеарен раст и нема најави дека експоненцијалната крива ќе расте одеднаш.

„Донесените мерки засега се доволни и ние будни ја следиме кривата“, додаде министерот.

Во поглед на тестовите, тој рече дека имаме близу 4000 на располагање во Институтот на јавно здравје, 5000 донации од приватнат лабораторија и донесена е постапка за набавка на дополни тестови.

„Не е влезен ниту еден починат пациент во регистарот, кај кој што не е со сигурност потврден вирусот, преку стандардна метода на анализата“, одговори Филипче на новинарско прашање и дополни:

„Сакам да апелирам до граѓаните да бидеме одговорно кон себе и своите најблиски, да се придржуваме кон мерките и сите да ги почитуваме и со тоа да ставиме крај на вирусот.СЗО во текот на денешниот ден ги предупреди земјите коишто планираат да ги ублажат мерките, да размислат, бидејќи за тоа е се уште рано. Само строги мерки може да доведат до дефинитивно спречување на вирусот. Тоа е нешто што мораме да го направиме за да го намалиме ризикот по сопственото и колективното здравје“, кажа Филипче.

 

Слични содржини