Филипче на ФБ: Вакцините функционираат и се силнa заштита од Ковид

од desk4

Министерот за здравство Венко Филипче преку социјланите мрежи порача дека вакцинте функционраат и се силна заштита од Ковид и дека ваквиот заклучок е резултат на направените анализите во изминатиот период. Ваквата вест доаѓа откако матичната лекарка од Велес Лила Чолакова Дервишова, на фб, објави дека нејзина пациентка е хоспитализирана на Инфективната клиника во Скопје, иако била целосно вакцинирана со вакцината „Синофарм“.
По ваквата инфформација која во јавноста брзо се прошири, Минстерот за здравство на својот фб појасни дека од вкупно 330.320 граѓани со примени две дози вакцини, само 96 се случило да се заразат по вакцинирањето.
„Тоа значи дека само 0,02 % се заразиле со Ковид што укажува колку е важно граѓаните да се вакцинираат. Од овие 96 позитивни, 56 се заразиле во период помал од 21 ден од примената втора доза вакцина. Само 13 од заразените со ковид биле хоспитализирани и двајца од нив во моментов се на лекување и се стабилни иако еден од нив е со тешко хронично заболување. Нема ниту еден починат пациент со ковид, а кој има примено две дози вакцина. Вакцините спасуваат животи и се единствена начин да се заштитиме и да го вратиме животот целосно во нормала“, напиша Филипче на фб.
Од друга стана пак, д-р Чолакова тврди дека и нејзиниот колега, од кого се заразила пациентката исто така бил вакциниран со „Фајзер“.

Слични содржини