Филипче: Нема дефицит од антокоагулантна терапија

Тројно е зголемена потрошувачката на антикоагулантната терапија во земјава, споредбено со истиот период лани, но добавувачите вршат напори да се обезбедат бараните количини и во моментов нема недостиг од ваква терапија, велат од Министерството за здравство.

„И покрај тоа што годинава се трошат тројно повеќе лекови од палетата на антикоагулантна терпија во која влегуваат лекови како клексанот и ксарелтото, во моментов нема недостиг од овој тип на терапија, ниту во болниците, ниту во аптеките. Зголемента потрошувачка се должи на тоа што овие лекови се вклучуваат како терапија кај болните со Ковид-19 кај кои се јавува одредени проблеми со крвта“, посочи министерот Венко Филипче.

Оние кои ги набавуваат ваквите лекови предидоа увоз на многу помали количини на вакви лекови, иако со зголемената побарувачка се прават напори за набавки, кои барем засега немаат проблем со испораката.

„Проблемот не е само кај нас туку во целиот свет. Зголемена е побарувачката на лековите од овој тип кај прозиводителите и се прават дополнителни резрвации од сите земји. Кај нас во ниту еден момент немаше недостиг од овие лекови. Клиничката аптека ги има во континуитет и достапни се на сите болници и ковид центри, а испораката оди редовно и во аптеките низ државата“, вели министерот.

Инаку, во текот на следната недела ќе се испорачаат и дополнителни количини на клексан во Клиничката аптека во Скопје, а доволни количини на лекот има и за аптеките и за останатите болници во земјава.

Слични содржини