Филипче: Од 21. јануари се враќа стартото работно време на угостителските објекти до 21 часот

Во рамки на примопредавањето на донацијата во Институтот за судска медицина, на новинарско прашање, министерот за здравство, Венко Филипче меѓудругото потенцираше и дека ќе се промени работното време на угостителските објекти по 21. јанури.

„На 21 јануари ќе се донесе одлука за продолжување на работата на угостителските објекти до 21 часот, но и можноста нивното работно време да се продолжи до 23 часот“, истакна Филипче.

„Единствено нешто што ќе се случи на 21 јануари е работното време на угостителите сигурно да се продолжи до 21 часот, а согласно проценката на ситуацијата до 21-ви, евентуално да се разгледа нивното барање за работа до 23 часот. Меѓутоа, сите други мерки остануваат во сила“, рече Филипче.

Слични содржини