Филипче: Оперирани се 160 бебиња со тешки аномалии на Клиниката за Детска хирургија

од Nikola Popovski

„На Клиниката за Детска хирургија за две години оперирани се 160 бебиња со тешки аномалии“, објави денес министерот за здравство, Венко Филипче.

Според него, овие операции се во рамки на проектот на Министерството за здравство за соработка на Клиниката за детска хирургија во Скопје и Универзитетската болница за детска хирургија “Пиргов” од Бугарија.

„Проектот го почнавме пред две години, со што им овозможивме на нашите хирурзи дополнителна едукација на нови методи на интервенции. Тешките случаи на аномалии кај малите пациенти повеќе не се праќаат во странство, туку овие операции успешно се изведуваат на нашата клиника“, дополни министерот.

 

Слични содржини