Министерот за здравство, Венко Филипче, на прес конференција вели дека јавното здравје е секогаш приоритет, па затоа кога се даваат мерките не се гледа во насока кога почнува или завршува кампањата за изборите. Тој истакна дека е тешко да се каже кога би бил „пикот“ на болеста во земјава, додавајќи дека се преземаат засилени мерки за да не се рашири болести.

Фото: Борче Поповски
„Учиме од колеги, пред се од Италија и Светската здравствена организација. Тоа што не сакаме да ни се случи е Италија, затоа со толку мал број заразени и кога сме земја со низок ризик даваме засилени мерки. Навистина е тешко да се предвиди или да се има точна бројка, тоа апослутно никој не може да го каже“, истакна министерот Филипче.
Тој посочи дека Судот е навистина место каде циркулираат многу луѓе, па заедно со минситерката за правда, Рената Дескоска, на средба ќе одлучуваат како ќе го решат тој дел и ќе излезат со заедничко соопштение.