Филипче: Ситуацијата е сериозна, имаме благо зголемување на притисокот врз ковид центрите

од Берта Китинска

Состојбата низ болниците секојдневно се менаџира според потребите, исполнетоста и отворањето на нови места за хоспитализација, информира министерот за здравство Венко Филипче.

-На утринскиот состанок со директорите на Клиниките разменивме информации во однос на состојбата. Ситуацијата е сериозна и во овој момент имаме благо зголемување на притисокот врз ковид центрите, односно во текот на вчерашниот ден имало поголем број на нови хоспитализаци. Мерките даваат резултат, но потребно е максимално придржување до истите за да го надминеме и овој епидемиолошки бран, пишува Филипче на Фејсбук.

Слични содржини