Филипче за починатата пациентка од коронавирус: Лекарите презеле се што треба, нема правило кога ќе се влоши состојбата од вирусот

од Берта Китинска

Во врска со првата почината пациентка, 57-годишната жена од Куманово, Филипче рече дека лекарите презеле се што требало, но дека нема правило кога се влошува состојбата кога станува збор за коронавирусот.

На прашањето како е можно двата теста за Ковид-19 да се негативни, а посмртно тестот да биде позитивен кај оваа пациентка, тој уште еднаш повтори дека „за жал, нема тест во светот кој е 100 проценти сензитивен“.

Денеска на Инфективната клиника се прават шест контролни брисеви на веќе хоспитализирани лица, од кои тројца се во потешка состојба. Анализата треба да покаже дали тие се уште се носители на вирусот, посочи Филипче.

Слични содржини