Филипче: Заболената пациентка од Коронавирусот е во добра состојба, испратени се епидемиолози кај останатите патници

од Viktor Jovanov

Заболената пацинетка од Коронавирусот е добро, се наоѓа во добра општа состојба. Сместена е во интезинва нега на Инфективната клиника. Има лесен вид на вирусот, односно зафатено и е само едно белодробно крило, изјави министерот за здравство Венко Филипче на прес конференцијата во Владата на Република Северна Македонија.

-Идентификувани се сите патници од комбето. Биле 9 луѓе 8 патници и возачот. Идентификувани се на едно место во Скопје и 3 места во Струмица. Во овој момент веќе се упатени екипи на епидемиолози да се направи прегледот и анкетата за дознавање податоци со кој се лица денеска овие патници комуницирале. Најпрво вечерва сите ќе останат во домашна изолација со полициски надзор. Во однос на податоците со колку луѓе контактирале, ќе се одреди дали ќе продолжи изолацијата или ќе бидат префрлени во инфективните одделенија за надзор, вели Филипче.

Тој додава дека патничката не дала вистински информации на самиот граничен премин, инаку би било интервенирано на лице место.

-Сакам да упатам апел дека нема простор за паника. Имало порано епидемии, нема потреба од снабдување некакви залихи. Уште од почетокот се преземени мерки и беше земено во предвид дека вирусот е асимптоматски. Апелирам да се информираат граѓаните од министерството за здравство. Во тимот кој го прати ова членуваат искусни луѓе, вели Филипче.

Слични содржини