Филипче: Здравствените работници се борат лавовски, а не како мачиња како ВМРО ДПМНЕ

Опозицијата и на денешните пратенички прашања го впери прстот кон министерот за здравство, Венко Филипче, кој пак на истите одговори дека во оваа битка ќе се успее само ако се делува онака како и досега и потврди дека одговорно стои зад сето менаџирање на здравствената криза во земјава.

„Уште еднаш го покажувате вашето вистинско лице, а тоа е само дека лажете, клеветите и ширите лажни вести. И додека целиот свет се бори и е во војна како и сите нас да стигне до вакцините, вие сте на спротивната страна. Вашиот претседател, Христијан Мицкоски вели дека е задоволен од третманот на Инфективната клиника, а вие блокирате закони, со што доцнат модуларните болници и се што е поддршка за здравствениот систем. Националната стратегија за имунизација е правена според светските критериуми. И морам да ве разочарам, но ние ќе успееме. Одговорно велам дека ниеден функционер, директор и слично не е вакциниран. Така што, јас уште утре ќе проверам што се можам да ви дадам како податок, со цел да докажам дека и оваа лага ќе ви падне во вода. И, треба да видите како луѓето се борат лавовски, а не вака како мачиња од ВМРО ДПМНЕ“, истакна Филипче.

Слични содржини