Филмски грабеж во Бразил: Напад на банки, врзани заложници на покрив од автомобил (ВИДЕО)

од Nikola Popovski

Вооружена банда денеска извршила напади врз неколку банки во еден бразилски град, користејќи ги локалните жители како жив штит, оставајќи зад себе експлозивни направи и пукајќи кон полицијата. Најмалку три лица загинаа во нападите, изјави висок претставник на државната безбедност. Во градот имало повеќе од 350 полицајци кои користеле два хеликоптери, а двајца напаѓачи биле уапсени.

Најмалку три лица загинаа во нападите врз банките, изјавил високиот претставник на државната безбедност.

Грабежот, што се случил во Арасатуба, град со околу 200.000 жители во сојузната држава Сао Паоло, е најновиот во серијата насилни грабежи на банки во Бразил, пренесува Ројтерс.

Експертите веруваат дека бразилската програма за помош на сиромашните за време на пандемијата ги охрабри разбојниците на дрски напади во помалите градови во внатрешноста, каде што филијалите на банките сега чуваат повеќе готовина.

Повеќе од 20 тешко вооружени лица го извршиле нападот користејќи 10 автомобили, изјави на прес -конференцијата извршниот секретар на воената полиција на државата Сао Паоло, Алваро Камило.

Камило додал дека имало два одделни судири со полицијата, и дека загинале три лица.

Два од трите смртни случаи биле локални жители, додека еден од напаѓачите исто така бил убиен.

Извршниот секретар на воената полиција ги повика жителите на градот да не ги напуштаат своите куќи додека не се најде и деактивира експлозивот.

Слични содржини