Филтер станица за снабдување со вода на Карбинци

од Vladimir Zorba

Успешно е завршен проектот за водоснабдување на Општина Карбинци со новата филтер станица за чиста вода за пиење,која е веќе пуштена во употреба и ги реши долгогодишните проблеми на жителите од оваа општина.

Оваа прочистителна станица е проект на Алфа Инжинеринг и претставува високо-технолошко и инженерско решение. Инсталираната опрема е направена од самата компанија и е применет современ метод за ултра-филтрација на водата.

Капацитетот на филтер станицата е 40 литри во секунда доволно да ги задоволи потребите на жителите на оваа општина.

За важноста во изведбата на овој проект говори и фактот дека во Општина Карбинци заедно со населените места Козјак, Аргулица, Црвулево, Таринци, Долни Балван, Нов Караорман и Радање живеат околу 4000 жители кои долги години се соочуваа со проблем снабдувајќи се со вода за пиење преку локални бунари.

Слични содржини