Финска планира да постави огради на границата со Русија

од Stefanija Kuzmanovska

Финските парламентарни партии се договорија за изградба на огради на делови од границата со Русија, пренесе денеска ДПА.

„Се работи за тоа да се осигураме дека границата е добро контролирана и дека можеме превентивно да влијаеме на ситуациите што би можеле да се појават на границата“, изјави финската премиерка Сана Марин за финското радио ILE по состанокот на партиските лидери во вторникот вечерта.

Таа рече дека владата сега сака да подготви предлози за пилот проект за кој парламентот ќе гласа подоцна оваа година.

„Изградбата на мал дел од оградата на југоистокот на земјата треба да даде повеќе информации за условите и трошоците“, рече таа.

Трошоците ќе изнесуваат стотици милиони евра

За финалната изградба на оградата, која според предлогот на финската гранична служба би можела да се гради на 130 до 260 километри од финско-руската граница, ќе се гласа следната година.

Според податоците на граничната служба, трошоците се проценуваат на „стотици милиони евра“, а изградбата се очекува да трае три до четири години.

Во вторникот вечерта дел од опозицијата ги критикуваше трошоците и времетраењето на планираната изградба.

Финска има граница со Русија долга 1.300 километри.

Слични содржини