Финската премиерка пристигна во посета на Киев (ФОТО)

од Stefanija Kuzmanovska

Финската премиерка Сана Марин денеска пристигна во посета на Киев.

Како што објави „Киев пост“ на својот Твитер профил, таа веќе се сретнала со претседателот на Украина, Владимир Зеленски.

„Тие му оддадоа почит на паднатиот херој на Украина, Дмитри ‘Да Винчи’ Котсубаил, кој денеска се оплакува во катедралата Свети Михаил во Киев“, се вели во твитот.

Финската премиерка и претходно ја посети Украина.

Во мај минатата година таа истакна дека по инвазијата на Украина довербата во Русија е изгубена „со генерации“.

„Она што го прави Русија е пресвртница за целото европско семејство и за целиот свет“, изјави тогаш таа.

Слични содржини