Фирмите кои не ги исплатиле платите нема да имаат право да аплицираат за новиот пакет

од Берта Китинска

Петтиот пакет-мерки има развојна компонента, односно е насочен кон закрепнување на економијата, инвестиции и развој, вели министерот за финансии Фатмир Бесими во интервју за Македонската Радио Телевизија, МРТВ.

-Тоа е важно да се испрати како порака, тоа сме го дискутирале со коморите, и мислам дека тоа ќе биде една здрава основа не само за да излеземе од кризата туку и за да се обезбеди побрз раст во следниот период, нормално следено и со други структурни реформи коишто не се дел од мерките, но се дел од економската програма на Владата. Но за да успеат мерките треба да има соодветна реакција и од приватниот сектор, вели Бесими

На прашањето во однос на реализацијата на мерката за финансиска поддршка за исплата на плати од аспект на механизмите на контрола за оние фирми коишто вршат злоупотреби и не ги исплаќаат платите Бесими е дециден дека е повеќе од јасно дека тие што не ги исплатиле платите нема да имаат право да аплицираат воопшто, но и дека ќе одговараат пред институциите доколку сториле друг прекршок.

Слични содржини