Фјури: Дионтеј е вистински воин

од Vladimir Zorba

Тајсон Фјури покажа дека не е само неверојатен боксер, туку и џентлмен.

И покрај сите негодувања разменети со Дионтеј Вајлдер пред натпреварот, Англичанецот му даде признание на својот ривал.

„Му честитам на Вајлдер. Не се справи толку лошо. Покажа дека има срце. Му упатив одлична десница, но тој успеа да се крене на нозе – прокоментира Фјури.

„Вистински воин. Вајлдер ќе се врати и повторно ќе стане шампион. Но денес Кралот се врати на престолот“, додаде тој.

Слични содржини