Флорида: Се урна приватен авион – има жртви, се трага по еден од патниците

од Stefanija Kuzmanovska

Две лица загинаа, а во тек е потрага по трето лице за кое се верува дека било на летот при уривање на мал приватен авион во Мексиканскиот залив, во близина на брегот на американската сојузна држава Флорида, соопшти денеска полицијата.

Властите на Флорида покренаа истрага по 10 часот во неделата, откако авионот не се вратил на својот аеродром во Флорида, пренесе АП.

Рекреативците пронашле тело на жена како лебди на околу две милји западно од брегот на градот. Нуркачите од канцеларијата на шерифот на округот Сарасота ги пронашле остатоците од изнајмениот авион околу 14 часот.

„Спасувачите пронајдоа и почината девојка во патничкиот простор на авионот. Третото лице, за кое се верува дека е маж кој бил пилот или патник, се води како исчезнато“, наведуваат тамошните власти.

Слични содржини