Форбс открива: Ова е слабата точка на системот „Патриот“, која Русија може да ја искористи

од Stefanija Kuzmanovska

Слабата точка на американскиот систем за противвоздушна одбрана „Патриот“ е неговата мала подвижност, која Русија може да ја искористи, пишува колумнистот на „Форбс“ Пол Ајдон.

Како што забележува авторот, исклучително е малку веројатно Украина да го користи овој систем за да ги потисне беспилотните летала, бидејќи нивната употреба во голем број овозможува да се открие локацијата на системот за противвоздушна одбрана.

Имајќи го тоа на ум, уништувањето на „Патриот“ би можело да биде успешно „од една главна причина“: Преместувањето на системот за да се избегне напад „не е толку едноставно“, посочува Ајдон. Иако за работа со една батерија се потребни само три лица, според авторот, потребни се околу 90 луѓе за да ја преместат и склопат на друго место.

Путин минатиот четврток им рече на новинарите дека „Патриот е прилично стар систем“, постар од руските системи С-300. Воедно вети „противотров“ за овие комплекси.

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен на 21 декември објави дека САД ќе ѝ пружат на Украина нов пакет воена помош во вредност од 1,85 милијарди долари.

Тој ќе вклучува една батерија од системот за противвоздушна одбрана „Патриот“, муниција за „ХИМАРС“, 500 парчиња високопрецизни гранати од калибар 155 мм за хаубици, 30 минофрлачи од различен калибар, 157 оклопни возила, ракети „харм“, високопрецизни авионски ракети, 2.700 фрлачи на гранати и други средства за одбрана.

Слични содржини