Ford претстави концепт на електричен камион (фото)

од desk2

„Ford“ на саемот на комерцијални возила во Хановер изложи концепт на камион-шлепер на струја.

„F-Vision“ e футуристичко теретно возило кое е дизајнирано во центарот „Ford Otosan“ во Турција. „Ford“ соопшти дека дизајнот на концептот е инспириран од суперхероите на „Marvel“.

Aмериканскиот производител не ги објави техничките детали, но како што пишува „Motor Authority“ возилото има електричен погон, како камионот-шлепер „Tesla Semi“ од 2017-та.

Покрај тоа, овој момент ќе биде опремен со технологија за автопилот, со цел возачите кои возат на автопатите на долги релации за да им се олесни работата.

„F-Vision“ има значително аеродинамична форма со цел максимално да се намали отпорот на воздухот и да овозможи поголем автономија во возењето помеѓу две полнења на батеријата.

За добрите аеродинамични карактеристики ќе влијае и отуството на големите надворешни ретровизори, наместо кои се наоѓаат мали камери насочени наназад, а сликата се емитува во кабината на возилото.

Ваквото решение го видовме и на серискиот камион-шлепер „Mercedes Actros“, кој исто така е присутен на овогодинешниот саем во Хановер.

Слични содржини