Формула 1 возач стана косопственик на француски фудбалски клуб

од Симе Стоиков

Формула 1 возачот Пјер Гасли, стана косопственик на фудбалскиот клуб Версај кој се натпреварува во третата дивизија на Франција и се наоѓа на 10. место на табелата.

„Среќен сум што се приклучувам на Версај бидејќи отсекогаш сум сакал да бидам дел од професионалниот фудбал. Ова е почеток на прекрасна приказна“, рече Гасли.

Другите двајца косопственици се Александар Муљез, внук на основачот на мултинационалниот синџир за малопродажба „Achan“ и Фабиен Лазаре.

Минатата година Муљез го презеде клубот кој беше во тешка финансиска ситуација.

“Убеден сум дека нашата соработка ќе биде плодна. Како долгогодишен љубител на Формула 1, знам колку сме среќни што го имаме Пјер на наша страна, кој ќе ни помогне да ги постигнеме сите наши цели”, изјави Муљез.

Клубот не го откри сопственичкиот удел на Гасли.

Слични содржини