ФОТО: Ештон Качер и Мила Кунис уживаат во романтично патување

од Stefanija Kuzmanovska

Актерската двојка Мила Кунис и Ештон Качер отпатуваа во Венеција со своите деца.

Познатото холивудско семејство многумина го сакаат од причина што се однесуваат едноставно и се трудат да бидат незабележителни, додека децата ги воспитуваат на сосема поинаков начин од сите останати.

Заедно уживале во возење со гондола и додека Мила гледала наоколу, Ештон цело време се фотографирал, а во еден момент и се бакнувале.

Да потсетиме, Ештон еднаш призна дека размислувал за самоубиство поради тешката ситуација во која се наоѓа неговиот брат, кој боледува од церебрална парализа, додека самиот Ештон имал проблеми со васкулитис, поради што на моменти не можел да гледа и да слуша.

Слични содржини