(ФОТО) Почина актерката која го позајми својот глас за хероината Дафни од “Скуби доо”

од desk4

Актерката Хедер Норт чии глас беше позајмен за оживување на хероината од анимираниот филм “Scooby-Doo” Дафне Блејк, починала минатиот месец, објави TMZ.
Според изданието актерката починала во својот дом во Лос Анџелес по долготрајна болест. Хедер го напуштила овој свет на возраст од 71 година.

Иако Норт учествувала во различни телевизиски проекти, таа беше најпозната по гласот на Дафне од анимираната серија “Scooby Doo. Актерката го позајмуваше гласот на црвенокосата детективка од 1970 до 1997 година.

Слични содржини