ФОТО: Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ со транспарент го прекинаа говорот на Јовески

од Aleksandar Todeski

Државниот јавен обвинител, Љубомир Јовески беше прекинат во говорот од платено на кое пишува „Господине Јовески, до кога ќе го криете писмото на притворената Катица со кое ви даде незаконска наредба?“, а кое го извадија пратениците од ВМРО-ДПМНЕ Антонио Милошоски, Дафина Стојановска и Горан Манојлоски.

Тие не седеа во салата кај сите пратеници, туку во галеријата со новинарите, а со цел да исценираат изнесување со обезбедување, кое не се случи, бидејќи откако ги снимија сите камери во салата, тие го прибраа платното и се повлекоа од новинарската глаерија.

Претседателот на Комисијата за политички систем, Александар Кирацовски побара пауза, но откако се повлекоа, седницата на Комисијата продолжи.

Инаку токму пратениците на ВМРО-ДПМНЕ побараа обвинителот Јовески да се појави на расправата за Законот за Јавно обвинителство, поради што ја напуштија и средбата со претставниците од сите парламентарни партии.

А.Т.

Слични содржини