ФОТО: Се омажи ѕвездата на „Игра на тронови“, меѓу гостите и колеги од серијата

од Stefanija Kuzmanovska

Актерката Лена Хеди, најпозната по улогата на Серси Ланистер во серијата „Игра на тронови“, се омажи за својот колега Марк Менчака, кој се прослави во серијата „Озарк“.

Венчавката се одржа во кругот на најблиските пријатели и семејството, а невестата за оваа пригода избра едноставен, бел фустан, со превез и цвеќиња на главата.

Меѓу гостите беа и колегите од Лена во „Игра на тронови“, Софи Тарнер, Мишел Ферли, Питер Диклинг, Конлет Хил и други.

Ова е втор брак на актерката. Таа претходно беше во брак со музичарот Питер Пол Лугран, со кој се венчаа во 2007 година, а се разделија по шест години. Двајцата го имаат единаесетгодишниот син Вили.

Слични содржини