Франција: Трет бран штрајкови поради пензиските реформи, Макрон под притисок

од Stefanija Kuzmanovska

Француските синдикати денеска започнаа трет бран масовни штрајкови ширум земјата поради реформите во пензискиот систем и зголемувањето на старосната граница за пензионирање што ги најави администрацијата на Макрон.

Во Франција, услугите на железничкиот сообраќај беа откажани, училиштата нема да бидат отворени, а рафинериите ја прекинаа испораката на енергетски производи бидејќи работниците прогласија прекин на работата, објави „Ројтерс“.

Синдикатите повторно ги повикаа вработените масовно да излезат на улиците на француските градови.

Слични содржини