Франција без Погба, Дешан повика играч на Рома

од Vladimir Zorba

Францускиот играч за врска Пол Погба нема да игра за националниот тим на квалификациските натпревари за СП 2022 против Казахстан и Финска, откако го повреди бутниот мускул на десната нога, соопшти Француската фудбалска федерација.

Фудбалерот на Манчестер Јунајтед во понеделникот го напушти тренингот во друштво на репрезентативните лекари. Наместо тоа, тренерот Дидие Дешамп го повика играчот на Рома Џордан Веретут.

Франција е прва во својата квалификациска група, а во последните два натпревари на 13 ноември ќе се сретне со Казахстан, а три дена подоцна ќе игра против Финска.

Со победа против Казахстан би обезбедиле пласман на Светското првенство.

Слични содржини