Франција: Човекот кој му удри шлаканица на Макрон води клуб за мечување

од Stefanija Kuzmanovska

Човекот кој му удри шлаканица на францускиот претседател Емануел Макрон, води клуб за љубители на средновековно мечување и претходно немал кривично досие, соопштија денес извори блиски до истрагата.

Извор од полицијата го идентификувал осомничениот како 28-годишниот Дамиен Тарел, објави „Ројтерс“.

Тој е под истрага за напад на јавен службеник, изјави локален обвинител.

Макрон, кој е на турнеја за да го почувствува „пулсот на земјата по пандемијата“, доби шлаканица за време на прошетка на југот на Франција, додека тој ги поздравуваше граѓаните.

Извор близок до истрагата го опиша како некој што е „малку изгубен и помалку неприлагоден“.

Тарел и уште еден човек се уште се во полициски притвор, додаде изворот.

Обвинението за напад на јавен службеник предвидува максимална затворска казна од три години и парична казна од 45.000 евра.

Слични содржини