Франција ги заострува мерките по надминувањето на 70.000 мртви од Ковид 19: На сила повторно полициски час

Во Франција повторно стапува на сила полицискиот час, откако земјата го надмина прагот на 70.000 смртни случаи поради Ковид 19 од стартот на Ковид пандемијата, соопштија здравствените власти.

Вкупно 70.142 лица починаа како резултат на болеста, од нив 196 во последните 24 часа, се вели во дневниот извештај на националната агенција. Бројот на новозаразени е сè уште висок со 21.406 случаи во последните 24 часа.
Во обид да се спречи зголемувањето на бројот на заразени со вирусот, полицискиот час повторно почна вчера од 18 до 6 часот наутро.

Министерството за здравство објави нови податоци за бројот на вакцинирани. Вкупно 413.046 лица се вакцинирани во саботата, за разлика од 389.000 во петокот, пренесе „Ројтерс“.

Слични содржини