Франција вклучува кибер оружје во својот арсенал

од Vladimir Zorba

 

Франција ќе може да прибегне кон употреба на кибер оружје против хакерските закани, насочени против нејзините интереси, но исто така и против конвенционалните напади, изјави францускиот министер за одбрана, Жан Ив Ле Дриан. 

Тој ја претстави стратегијата на француската армија во кибер безбедноста за време на посетата на специјализираниот центар за кибер безбедност во градот Бриз во Западна Франција.

– Појавата на нов предизвик, на ново кибер поле треба да не натера длабоко да го осмислиме нашиот однос кон искуството во водење војна, рече Ле Дриан.

 

Во глобално поврзаниот свет забележано е зголемување на кибер напади, кои доаѓаат од држави, терористички групи или криминалци. Русија е осомничена дека стои зад неодамнешните напади во Европа и САД.

Кибер нападите можат да парализираат железнички инфраструктури, како телефонски врски, електрични централи и сообраќајни средства, како и да се насочат кон воени цели.

– Кибер оружјето може да има целосен соодветен ефект дури и кај најконвенционалните оружја, рече Ле Дриан.

Тој додаде дека за време на војна кибер оружјето може да биде одговор или дел од одговор на вооружена агресија, без разлика дали таа е кибер напад или не.

Во јануари 2017 година ќе биде формирана команда за кибер операциии на армијата. Таа ќе биде под директна контрола на началникот на Генералштабот и ќе има 2.600 киберборци.

Слични содржини