Фрчкоски: Лажна е правната дилема дека не може да се свика распуштено Собрание

од Aleksandar Todeski

Универзитетскиот професор Љубомир Фрчкоски смета дека е лажна правната дилема дека не може да се свика веќе распуштено собрание. Тој во „Утрински брифинг“ посочи дека Собранието е во постојано заседание, како и дека пратениците се во мандат до избор на новиот состав на Законодавниот дом.

„Прашањето кое се отвора е исто така мандатот на пратениците, односно повторно да се свика Собранието, да прогласи вонредна состојба. Може да го земеме примерот на шпанскиот Сенат, кој вчера го зигласа протоколот за влез на Северна Македонија во НАТО, изјави Фрчкоски.

Според него, дефинитивната одлука да не се оди на избори мора да се реализира, а најверојатно тоа би било на есен.

„Тоа се прави единствен начин, а тоа е преку Собранието. Лажна е правната дилема дека не може распуштено Собрание да се свика. Пратениците се во мандат до изборот на други пратеници, а Собранието е во постојано заседание. Значи може да се одложат изборите и да се прогласи вонредна состојба. Не може да се каже за кога точно би биле одложени изборите. Големи се шансите да се оди на редовни избори на есен“, вели Фрчкоски.

Околу траењето на техничката влада и евентуалното враќање на политичка влада, Фрчкоски смета дека тоа не одговара на никому и не очекува ваков потег во иднина.

Слични содржини