Фреди Меркјури: Џон Ленон беше апсолутен гениј

од desk4

Фреди Меркјури се измачувал себеси споредувајќи се со легендарниот Битлс, Џон Ленон, и бил загрижен дека никогаш нема да го постигне неговиот успех и слава.

Иако бил прогласен за најголемата рок ѕвезда, иконата на Квин често се преиспитувал зошто не добар како Џон Ленон и се разочарувал во себе. Во новата автобиографија „Фреди Меркјури: Животот, со негови зборови“ пејачот открива дека најголема несигурност имал во врска со својот глас и е сомневал дека е добар музичар како неговите музички херои.  Пејачот на Квин пеејќи ја Imagine на нивниот лондонски концерт, му оддаде почит на Ленон вечерта кога беше убиен.

Во книгата Фреди ќе напише: „Џон Ленон беше поголем од животот, апсолутен гениј. Дури и на почетоците од неговата кариера, а и подоцна кога сè уште беше дел од Битлси, најмногу ги сакав неговите песни“.
Фреди потоа ги опишува особините на Ленон поради кои толку го почитувал. „Имаше некоја посебна магија во него. Јас никогаш не би можел да се споредам со Џон. Тој беше најдобриот музичар. Тука не се работи за талент, туку некои луѓе едноставно знаат како да направат одредени нешта подобро од другите луѓе. А јас не се чувствувам способен да го правам тоа што го прави Ленон“.

Слични содржини