ФСБ: Украинските специјални служби го овозможиле терористичкиот напад во Москва

Заедно со Украина зад нападот стојат САД и Велика Британија, изјави денеска шефот на руската Федерална служба за безбедност (ФСБ), Александар Боротников,

од Бети Божиноска

Украинските специјални служби го олесниле изведувањето на теопристичкиот напад на московската концертна сала „Крокус сити хол“, а заедно со неа зад нападот стојат САД и Велика Британија, изјави денеска шефот на руската Федерална служба за безбедност (ФСБ), Александар Боротников, пренесува „РИА Новости“.

„Веруваме дека нападот бил поготвен и од радикалните исламисти и, нормално, од западните разузнавачки служби. Украинската разузнавачќка служба е директно поврзана со ова,“ истакна тој и посочи дека налогодавачот се уште не е идентификуван, тие јасно моќжат да ги препознаат организаторите и регрутерите на нападот.

Во интервју за новинарот Павел Зарубин, Боротников додаде дека началикот на Главната разузнавачка управа при Министерствито за одбрана на Украина, Кирил Буданов, е легитимна места за Вооружените сили на Русија исто како и сите оние што вршат злосторства против Руската Федерација, по што вети дека Москва ќе одговори на нападите.

„Секој што ќе изврши злосторство против Русија и руските граѓани е легитимна цел, а Службата за безбедност на Украина треба да биде прогласена за терористичка организација,“ истакна Бортников.

На прашањето зошто Буданов е се уште жив, првиот човек на ФСБ кусо одговори: „Има време“.

Бортников посочи дека е познато оти Киев обучувал терористи за Блискиот Исток и дека самиот напад го подготвиле радикални исламисти кои планирале да избегаат во Украина, каде што же биле пречекани како херои.

„Бандитите планираа да заминат во странство, односно на територијата на Украина. Таму ги чекаа. Оваа информација сега се обработува“, коментира тој.

Од ФСБ додаваат дека информацијата испратена од Американската амбасада дека во земјата се подготвува терористички напад биле од општа природа, на што, како што вели првиот човек на ФСБ, Москва реагирала.

„Западот и Киев сакаа да ја дестабилизираат ситуацијата во Русија и да предизвикаат паника во општеството,“ објаснува Бортников и предупредува дека заканата од нов терористички напад во земјата се уште постои.

Во меѓувреме, како што пренесува „РИА Новости“, рускиот претседател Владимир Путин денеска на состанокот во кабинетот на државниот јавен обвинител истакнал дека истражителите ги утврдуваат околностите на терористичкиот напад во Москва и изразил надеж дека обвинителите ќе направат се за да ги казнат терористите.

„Се надевам дека обвинителите, во рамките на своите овластувања – при поднесувањето обвиненија и за време на судскиот процес- ќе направат се што е потребно за да се погрижат криминалците ќдадобијат правична казна. Како што налага рускиот закон. А ние ќе сториме се за да обезбедиме заштита на децата и адолесцентите од криминални напади и од ризикот да бидат вовлечени во криминална и екстремистичка средина “, рекол рускиот претседател.

Слични содржини