Фудбалер на Дерби избоден со нож на улица

од Vladimir Zorba

Нападите врз фудбалерите, за жал, не се невообичаени. Само оваа година, двајца играчи на англиската репрезентација, Рахим Стерлинг и Деле Али, доживеаја напади или кражби во нивните имоти, а уште еден играч беше нападнат во понеделникот. Станува збор за фудбалер на второлигашот Дерби Каунти, Андре Висдом.

27-годишниот играч беше голема надеж за Ливерпул, тој помина девет години во клубот од „Енфилд“ и направи 22 настапи за првиот тим, со еден гол, на сите натпреварувања. Претходно оваа недела тој беше нападнат во областа Товерсет во Ливерпул, откако излегол од својот автомобил додека бил во посета на роднина.

Само неколку часа порано, Виздом го одигра целиот натпревар за Дерби против Рединг во англиското првенство, а нападот врз него вклучува употреба на нож од страна на деликвент. Имено, Виздом бил прободен и ограбен на лице место.

– Можеме да потврдиме дека нашиот играч беше жртва на напад и грабеж. Тој е повреден и е во болница, а неговата состојба е стабилна. Локалната полиција прави се за да ги поддржи Андре и неговото семејство – напишаа од Дерби, и посочија дека за овој случај повеќе нема да зборуваат.

Виздом е еден од клучните играчи во клубот, кој се обидува да стигне до Премиер лигата. На седум кола пред крајот на Чемпионшип, Дерби е на две места и три бода оддалечен од позицијата што води во плеј-офот за промоција, пренесува SN.

Слични содржини