Фудбалер на Ливерпул го пропушта Европското првенство поради повреда

од Stefanija Kuzmanovska

Фудбалерот на Ливерпул, Трент Александар – Арнолд ќе го пропушти Европското првенство поради повреда.

Арнолд го повреди бутниот мускул на мечот со Австрија, а треба да паузира околу шест недели.

Селекторот на Англија, Герет Саутгејт се уште нема да ја открие неговата замена.

Саутгејт има на располагање уште три десни бекови, а тоа се Кајл Вокер, Рис Џејмс и Кјеран Трипије.

Националниот тим на Англија својот прв натпревар во шампионатот го игра на 13 јуни против Хрватска.

Фото: Ројтерс

Слични содржини