Г7 го осуди киднапирањето на раководството на нуклеарната централа Запорожје

од Vladimir Zorba

Групата од седум најразвиени земји во светот (Г7) објави дека ги осудува случаите на киднапирање на раководството на нуклеарната централа Запорожје и повика на итно враќање на Украина на целосна контрола врз таа нуклеарна централа.

„Го осудуваме повеќекратното руско киднапирање на раководството и персоналот на украинската нуклеарна централа Запорожје“, се вели во соопштението на Г7, пренесе Ројтерс.

Г7 ја повика Русија веднаш да ја врати целосната контрола врз нуклеарната централа Запорожје на „нејзиниот вистински суверен сопственик, Украина“.

Украинската државна компанија за нуклеарна енергија Енергоатом на 11 октомври објави дека руските сили го киднапирале заменик-директорот на НЕ Запорожје, Валери Мартинјук и дека тој се наоѓа на непозната локација.

Слични содржини