Шерон Стоун е неприкосновен секс симбол, холивудска ѕвезда, борец (преживува по мозочен аневризам) и грижлива мајка на три посвоени момчиња.2ffd0b2359160217bac5401ffcfa6fc1

Во љубовта нема многу среќа (има два пропаднати развода и прилично неуспешни врски), но затоа пак за своите фанови таа е вистинска икона за убавина и стил. Овој месец актерката позира апсолутно гола во новиот број на списанието Harper’s Bazaar, САД.

Како што се гледа од фотографиите на фотографот Макс Абрахамс, таа има совршена фигура, иако веќе наполни 57 години! Стоун им покажува на младите девојки, дека голем дел од тоа да емитуваш сексапил, е да се чувствуваш удобно во сопствената кожа.

Еве и неколку извадоци од интервјуто со ѕвездата:

За своето тело: “Јас сум свесна дека мојот задник личи на торба со палачинки, но не се обидувам да бидам совршената жена на светот.”

За сексапилот: “Во одреден момент од својот живот почнав да се прашувам што е навистина секси и сфатив дека сексапилот не се крие во формата и висината на моите гради. Секси е зрачење, присуство, вештина да се забавувам и да си се допаѓам сама себе доволно, па да им се допаднам и на другите. ”

За пластичната хирургија:  “Денес употребата на ботокс се гледа речиси како козметичка процедура. Тоа е исто како да ставаш маскара или кармин. Освен тоа, сметам дека е многу подобра алтернатива на пластичната хирургија. Подобро е да си ставиш ботокс, отколку да дозволиш да ти сечат по лицето со скалпел и конечно да добиеш изглед како си поминал низ аеродинамичен тунел. ”

За уметноста да флертува: “Јас сум голем флертувач, но не мислам дека мажите разбираат кога флертуваат со нив. Ми се чини дека само ме сметааат за забавна.”

Слични содржини