ГАЛЕРИЈА: Скопјани се раздвижија, почнаа да се полнат трговските центри со купувачи

од Берта Китинска

Почнаа да се полнат трговските центри со купувачи. Граѓаните се задоволни што повторно може да отидат на шопинг или да се прошетаат низ моловите.

Од вчера почнаа со работа и спортските и други обложувалници преку шалтер, центрите за едукација, обука и семинари за возрасни, автошколи, автоиспитни центри, а се отвора и Заводот за рехабилитација на слух, говор и глас – Скопје.

Во моловите се уште нема да биде дозволено примање гости во рестораните и кафулињата освен преку систем за нарачка и достава. Тие ќе работат со ограничено скратено работно време од 10 до 18 часот со исклучок во недела кога ќе бидат затворени.

Владата ги објави протоколите за начинот на работа кои произлегуваат од втората фаза од планот за намалување на рестриктивните мерки за спречување на ширење на коронавирусот.

Во нив е наведено дека  работното време е за моловите е од (10:00-18:00) /затворени во недела.Ограничување за лицата над 65 години, со можност за пазарување до 12 часот. Задолжително носење на заштитни маски и ракавици на вработените.Задолжително носење на заштитни маски на купувачите.

Во продавниците за облека забрането пробување на облека – да се даде можност за пробување дома со можност за замена на купената облека. Доколку на касите за плаќање не може да се обезбеди растојание од 1,5-2m помеѓу продавачот (касиерот) и купувачот да се постави бариера од плексиглас. Доколку има повеќе каси за наплата да се обезбеди растојание од 1,5-2m помеѓу касите во редот.

Фото: Борче Поповски

Слични содржини