Со 60 гласа „за” и 30 гласа „против” вчера во Собранието беше изгласан законот со кој гасоводот преминува во 100-процентна сопственост на државата.

Законот наиде на остра реакција од страна на опозицијата тие го повикаа претседателот на државата да не го потпишува указот.Каков ќе биде потегот на претседателот Пендаровски, засега е неизвесно.

Од  компанијата „Макпетрол” велат дека никој ништо не и подарува, туку дека е направена проценка на АД „ГА-МА” од страна на Бирото за судски вештачења и утврдена е пазарна вредност од 65.547.810 евра.

– ГА-МА АД Скопје е формирана како акционерско друштво во сопственост на МАКПЕТРОЛ АД Скопје и Владата на РСМ, со по 50 проценти од вкупниот основачки капитал на Друштвото, во износ од 37.612.500 евра. Од 2006 година до денес, ГА-МА АД има инвестирано неколку десетици милиони евра во развој на гасоводниот систем на земјата. Со цел да се утврди сегашната вредност на ГА-МА АД Скопје, пред реализација на трансакцијата е извршена проценка на пазарната вредност на Друштвото од страна на овластени проценители, ангажирани преку Бирото за судски вештачења како орган на државната управа во состав на Министерството за правда. Со проценката е утврдена пазарна вредност на ГА-МА АД во износ од 65.547.810 евра, од која вредност 50 проценти во износ од 32.773.905 евра му припаѓаат на МАКПЕТРОЛ АД Скопје. Според тоа, на МАКПЕТРОЛ АД Скопје никој ништо не му подарува, наведе Макпетрол во соопштението.

Компанијата посочува дека државата купува капитален објект по реална цена и оти од Макпетрол се купува функционален гасовод во должина од 205 километри.

Слични содржини