Гелот за дезинфекција нема да ви помогне доколку не го користите правилно: Еве што треба да знаете

од Берта Китинска

Од почетокот на пандемијата, потрошувачката на гелови за дезинфекција на рацете се зголеми. Различни средства за дезинфекција станаа главна точка во секој дом, торба или автомобил, но има една грешка што може да ја направите додека ги користите.

– Геловите за дезинфекција се алатки што треба да ги користиме, но тие не се лек. Потрошувачите мора да бидат свесни за правилниот начин на употреба на овој производ – рече епидемиологот и професор Кенет Рондело од Факултетот за медицина и јавно здравје на универзитетот „Аделфи“.

Можно е да користите погрешен тип на гел. Рондело препорачува да ги купите оние што содржат најмалку 60 проценти етил или 70 проценти изопропил алкохол, бидејќи тие најдобро ги отстрануваат бактериите.

– Исто така, треба внимателно да ги прочитате упатствата и да утврдите дали состојките на производот убиваат бактерии, вируси, и двете или ништо од горенаведените. Ако користите само гел кој убива бактерии, може да се чувствувате заштитени, но не ве штити од вирусни патогени како САРС-CoV-2 – тврди експертот и додава дека некои производи, како што се влажните марамчиња за деца, воопшто немаат антимикробни својства. Избегнувајте производи што содржат метанол – може да биде штетно за кожата и устата. Рацете треба да се мијат најмалку 20 секунди, а ова правило го прифатија скоро сите, но дали знаевте дека истото важи и за гелот за дезинфекција? Тријте го околу 20 до 30 секунди или додека не се впие целосно во кожата.Без оглед дали сте допреле нешто само со едната рака или со врвовите на прстите, треба да ја дезинфицирате целата рака. Значи, дланките, прстите, ноктите и зглобовите.

Никогаш не дезинфицирајте ги рацете ако се многу валкани или мрсни – гелот нема да биде ефикасен и нема да стигне до кожата. Прво исплакнете ги лесно, а потоа користете ги.

– Имајте на ум дека гелот е добра алтернатива ако сте во ситуација да немате проточна вода во близина, или ако вашите раце не се видливо валкани. Но, гелот не е замена за вода и сапун, кои се најдобро средство за чистење нечистотија од вашите раце – вели Рондело.

Бидете внимателни како и каде го чувате шишето за дезинфекција. Не чувајте го во фрижидер или на сонце. Следете ги упатствата напишани на шишињата.

loading...

Слични содржини