Германија им понуди нс САД договор вреден милијарда евра за да ги укинат санкциите за „Северен тек 2“

од Stefanija Kuzmanovska

Германија им предложила на САД договор вреден милијарда евра, како замена за повлекувањето на Вашингтон од воведувањето санкции на „Северен тек 2“, пишува германски „Цајт“, повикувајќи се на неименувани извори.

Според германскиот весник, на почетокот на февруари, министерот за финансии на Германија, Олаф Шолц, му соопштил на својот американски колега Стивен Мнучин, прво усно, а потоа и писмено, дека Германија е подготвена да инвестира една милијарда евра во изградба на два терминала за увоз на американски течен гас. Американската влада планира да извезува гас во Германија преку терминали во пристаништата Брунсбител и Вилхелмсхавен.

„Во замена, Соединетите држави ќе дозволат непречено завршување и експлоатација на Северен тек 2“, се вели во писмото на Шолц до Мнучин.

САД веќе долго време ја убедуваат Германија да престане да учествува во проектот „Северен тек 2“, укажувајќи дека тоа ќе ја зголеми зависноста на земјата од рускиот гас. Меѓутоа, Берлин остана цврст во поддршката за изградбата на овој гасовод.

Сепак, откако германската влада објави дека, според податоците на испитувањата, рускиот опозиционер Алексеј Навални е отруен со помош на супстанцата „новичок“, високи функционери започнаа да се двоумат.

 

 

Слични содржини