Германија се подготвува за војна со Русија, предупредува Медведев

од Nikola Popovski

Заменик-претседателот на Советот за безбедност на Русија и поранешен шеф на руската државата, Дмитриј Медведев денеска оценил дека прислушуваниот разговор на офицерите на Бундесверот за можен напад на мостот на Крим укажува дека Германија се подготвува за војна со Русија.

„Обидите разговорот на офицерите на Бундесверот да се прикаже како игра со ракети и тенкови е злонамерна лага. Германија се подготвува за војна со Русија“, објавил тој на својот канал на Телеграм.

Маргарита Симонјан, шефицата на рускиот државен канал „РТ“, во петокот објави аудио снимка од приближно 30-минутен разговор, во кој, како што објавија медиумите, се слушаат четворица офицери на Бундесверот како разговараат за техничките можности на крстосувачката ракета Таурус и за фактот дали германските ракети се способни да го уништат Кримскиот мост.

Германското Министерство за одбрана ја потврди автентичноста на снимката од интерниот разговор на четворица офицери на Бундесверот, а Федералната канцеларија за воено контраразузнавање ги покренала сите неопходни мерки.

Слични содржини