Германска министерка по апсењата: „Владеењето на правото знае да се одбрани од непријателите“

од Stefanija Kuzmanovska

По апсењето на 25 лица осомничени дека се членови на десничарското движење „Граѓани на Рајхот“ за планирање државен удар во Германија, министерката за внатрешни работи Ненси Фезер објави дека станува збор за „бездна на терористичка закана“.

„Денес е откриена наводна терористичка организација која, според истрагата, е водена од насилни субверзивни фантазии и заговорни идеологии“, рече Фезер денеска во Берлин по националните рации против групата.

Сепак, владеењето на правото знае да се „одбрани од непријателите на демократијата“, нагласи таа, пренесува „Шпигел“.

Фезер рече дека понатамошната истрага ќе открие колку се напредни плановите на десничарската група. Таа им се заблагодари на властите што ја штитат германската демократија.

Министерот за правда Марко Бушман изјави дека демократијата е одбранета, потврдувајќи дека постои сомнеж дека уапсените планирале вооружен напад врз државните органи.

Слични содржини