Германски лекари предупредуваат дека децата не треба да се хранат на вегански начин

од Stefanija Kuzmanovska
317 прегледи

Педијатри во Германија предупредија дека бебињата и малите деца не треба да се хранат на вегански начин. Детскиот организам е исклучително чувствителен на недостаток на хранливи материи, соопшти Здружението на педијатри и лекари адолесценти (BVKJ) од Северна Рајна-Вестфалија.

За добар физички раст и здрав развој на сите органи, особено на мозокот, потребни се многу супстанции и тоа во доволни количини, објасни портпаролот на здружението Аксел Гершлауер по повод први ноември, Светскиот ден на веганите, пренесува Dpa.

Кај веганската исхрана, снабдувањето со протеини, одредени масни киселини, витамини и други елементи кои се внесуваат во трагови е критично. Дури и малите флуктуации и недоволното снабдување може да ги оштетат растечките и особено чувствителните органи на бебето, рече Гершлауер.

Конкретно, невролошкиот развој и менталното здравје можат да бидат „масовно и трајно“ загрозени. Речиси 10 отсто од возрасните во Германија сега се вегетаријанци – тие не јадат месо и месни производи – или вегани, односно не јадат никакви производи од животинско потекло како млеко или јајца, соопштуваат од здружението.

Многу родители, исто така, ги хранат своите деца со вегетаријанска или веганска исхрана. Исхраната без месо за млади се смета за изводлива под одредени услови. Но, веганската исхрана не се препорачува за бебиња и мали деца.

На веганската исхрана ѝ недостасуваат важни хранливи материи кои мора да се надополнат од друга храна. Тоа е можно само во ограничена мера преку природна храна. На пример, витаминот Б12 мора да биде надокнаден со суплементи.

Ако постарите деца и младите се свесно вегани, заради благосостојбата на животните или екологијата, тоа треба да се пофали. Според BVKJ, тогаш се потребни квалификувани совети и редовни тестови на крвта – затоа што треба да се обезбеди внес на сите важни хранливи материи.

Веганите кои дојат мора да земаат витамин Б12 и редовно да даваат крв за анализа.

Слични содржини