Германски министер: Во Европа постои опасност од војна

од Stefanija Kuzmanovska

Германскиот министер за одбрана Борис Писториус оценил дека постои опасност од војна во Европа и посочи дека Германија „мора да биде подготвена да се одбрани“.

Писториус за јавниот сервис на ЗДФ изјавил дека војната на Блискиот Исток и војната меѓу Русија и Украина ќе имаат последици во германското општество.

„Мора да се навикнеме на идејата дека во Европа би можела да постои опасност од војна“, изјави германскиот министер за одбрана.

Писториус рече дека Германија истовремено ќе направи се за да спречи понатамошна ескалација во војната на Блискиот Исток.

Зборувајќи за состојбите во Бундесверот, германскиот министер изјави дека не само што е создаден посебен фонд вреден 100 милијарди евра, туку се сменети и структурите.

Според Писториус, Бундесверот долго време бил запоставен, но до крајот на деценијата ќе биде во сосема поинаква позиција.

Слични содржини