Германски тенкови пристигнуваат во Украина

од Stefanija Kuzmanovska

Командантот на специјалниот штаб на Бундесверот за Украина е јасен: Германија си стои на зборот и тенковите ќе пристигнат во Украина до крајот на март. Ова, очекува германскиот генерал, треба да ја промени ситуацијата на фронтот, пишува DW.

„Германија до крајот на месецот ќе ги испрати во Украина ветените тенкови Леопард и оклопните возила Мардер“, најави командантот на специјалниот штаб за Украина, бригадниот генерал Кристијан Фројдинг.

Тоа, смета тој, „ќе им даде можност на украинските вооружени сили повторно да преземат иницијатива“.

Оружјето и муницијата, и од Германија и од другите западни земји, според него, значително ќе влијаат на настаните на фронтот.

„Тоа веќе ќе биде нешто друго“, вели генералот Фројдинг.

Слични содржини