Германскиот министер за одбрана допатува во ненајавена посета на Киев

од Stefanija Kuzmanovska

Германскиот министер за одбрана Борис Писториус пристигна во посета на Киев, соопшти денеска портпаролот на министерството во Берлин, без да даде повеќе детали, пренесува „Ројтерс“.

Германските медиуми јавуваат дека за време на ненајавената посета на Украина, Писториус ќе разговара со украинскиот претседател Володимир Зеленски и со неговиот украински колега Рустем Умеров.

Се додава дека Писториус во Киев пристигнал со воз утрово.

Слични содржини