Германскиот претседател: „Историски прекин во односите меѓу Берлин и Москва“

од Stefanija Kuzmanovska

Германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмаер оцени денеска во своето обраќање за состојбата на нацијата дека рускиот напад врз Украина доведе до историски прекин на односите меѓу Берлин и Москва, кои сега се во нова ера на конфронтација.

„Кога ја гледаме Русија денес, нема простор за стари соништа“, рече Штајнмаер и изјави дека Германија и Русија „денес стојат една против друга“.

„Руската агресија не донесе и нас во Германија во едно поинакво време, во време на несигурност за кое мислевме дека е во минатото, време обележано со војна, насилство, бегалци, загриженост за ширење на војната во Европа“, нагласи германскиот претседател.

Слични содржини